Од гром во Бјеловар тешко повредени две деца на фудбалско игралиште!
Објавено: 8 јуни, 2013, во 22:43 часот
Гром удри на фудбалското игралиште во местото Нова Рача, недалеку од Бјеловар, за време на фудбалски јуниорски натпревар. Од ударот тешко се повредени две деца, едното е во животна опасност, јави ХТВ.
Се се случи десет минути откако почна натпреварот. Ударот на молњата предизвика шок и паника а двете деца се тешко повредени. Натпреварот остана во втор план а долго ќе се памети ударот на громот.
Момчето од Брезовица е во стабилна здравствена состојба додека петнаесетгодишното дете од Нова Рача, во кого удри громот, води тешка животна битка во бјеловарската општа болница.
И останатите фудбалерчиња побарале лекарска помош едни од преживеаниот шок други симптоми кои ги почувствувале подоцна.
Ваква случка не памети никој во Бјеловар и околината. Сите се надеваат дека тешко повреденото момче ќе закрепне и повторно ќе заигра фудбал.
