Деблокирана зградата на Парламентот во Сараево!
Објавено на 7 јуни, 2013 во 07:44
Рано утрово заврши драматичната блокада на парламентот на БиХ во кој освен пратениците и персоналот се наоѓаа и околу 350 странски државјани.
Специјалната полиција направи кордон околу парламентот и успеа да ги извлече сите кои беа затворени внатре,пренесоа босанските медиуми.
Блокадата ја направија неколку стотини луѓе, незадоволни бидејќи политичарите никако не можат да се договорат околу Законот за единствен матичен број на сите граѓани.
Претходниот закон беше укинат од Уставниот суд во февруари и оттогаш ниту едно новородено дете не може да добие единствен матичен број, што може да биде голем проблем доколку некое мора да ја напушти земјата поради лекување или други итни причини.