Демонстрантите повторно се собираат во Истамбул!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 17:29 часот
Синдикатот ги повика и илјадници луѓе се собраа денеска попладне на шестиот ден на протетот на истамбулскиот плоштад Таксим , јави Франс прес.
Демонстрантите пристигнаа од различни страни, носејки црвени и бели знамиња,за да го освојат повторно плоштадот кој е централно место на протестите во Турција. Тие бараат оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган.
– Таксим, држи се, стигнуваат работниците – извикуваа демострантите.
Најмалку 10.000 луѓе, некој носејки беџови со ликот на основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк, прошетаа низ Анкара носејки државни знамиња.
– Оваа нација нема да се свитка пред тебе – му порачаа демонстрантите на премиерот Ердоган.
Демонстрантите ја обвинуваат конзервативната влада дека е авторитарна и дека ја исламизира секуларната турска држава.
Досега во протестите загинаа тројца луѓе а стотина се повредени и приведени.
