Се урна зграда во Филаделфија полна со луѓе!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 17:08 часот
Се урна четворокатница во Филаделфија. 12 лица се пренесени во болница, уште 8 до 10 лица се под урнатините.
Спасувачките екипи започнаа потрага по евентуално преживеаните станари.
Уривањето се случило околу 10.30 часот, по локално време. Сеуште не се знае која е причината за оваа трагедија иако првичните сомнежи се дека е последица на индустриска експлозија.
