Срцето на Европа е под вода!

Објавено: 5 јуни, 2013, во 08:30 часот

Незапамтени поплави има во централниот дел на Стариот континент и зафакаат се поголем број на држави во регионот. Нивото на Дунав е највисоко во последните 500 години. Со поплавите најмногу се погодени Германија, Чешка и Полска.

Најмалку 12 луѓе загинаа, сеум во Чешка, тројца во Gерманија и двајца во Австрија додека 9 луѓе се водат за исчезнати. Бранот на поплавата кои ги зафати Швајцарија и Полска, стигна вчера до Братислава чии власти прогласија вонредна состојба бидејќи Дунав достигна 8,5 метри.

Металните бариери по должината на реката Влтава успеаја да го заштитат историскиот центар на Прага но не и областите јужно и северно од престолнината вклучувајки ја зоолошката градина и хиподромот. Поголем дел од метрото не работи како и неколку трамвајски линии и шеесеттина улици.

Во Германија се евакуирани 10 илјади луѓе од пониските области во Саксонија како и неколку илјади од Баварија додека поради високиот водостој на Рајна на југот на земјата ќе биде запрен бродскиот сообраќај.  Компанијата „Фолксваген“ привремено ја затвори фабриката во градот Цвикау во Саксонија бидејќи работниците не можеа да стигнат на работа.

Во Австрија поплавите потопија цели региони и стигнаа до Виена чиј систем за заштита од поплави е активиран пред два дена. Властите го затворија автопатот А-4 на влезот на Виена додека пожарникарите се обидуваат да ја испумпаат водата од патот кои води кон Унгарија како и од поголемите патни правци на северот и западот на државата.

Експертите ја проценија штетата која досега изнесува над 3 милијарди евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.