Текстилната индустрија ќе отпушта работници!
Текстилните фабрики алармираа ќе има масовни отпуштања на работници. За почеток од следниот месец дел од компаниите најавиле отпуштања на околу 2000 работници.
Тие денеска се пожалија дека оваа индустриска гранка е пред колапс бидејќи од почетокот на годината на најголем дел од фабриките им се намалиле нарачките. Ако во јануари изнесувале 1.3000.000 за јуни побарувачката изнесувала само 400.000 парчиња, во само десеттина фабрики во Македонија. Многу поголеми се бројките кои се однесуваат на целата индустриска гранка.
Немањето стручен кадар е вториот голем проблем за оваа индустриска гранка. Тоа се одразува врз профитот и платите. Бараат Владата да преземе итни мерки за спечување на тренодт на опаѓање на производството.
Текстилната индустрија е на второ месо по металургијата во однос на оставрените приливи, со годишен просечен девизен прилив од 56 милиони евра.