Филе наместо во сабота доаѓа во петок во Македонија!
Објавено на 29 мај, 2013 во 14:18
Штефан Филе наместо в сабота на претседателскиот Самит, ќе дојде во Македонија во петок на состанокот на министрите за надворешни работи од Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа, јави OhridNews.
Како што потврди портпаролот на еврокомесарот, Петар Стано, првиот човек за проширување на унијата во петок ќе пристигне во Охрид, а вечерта после состанокот ќе се врати назад во Брисел.
Се очекува е Филе да им се обрати на присутните шефови на дипломатиите на државите од Југоисточна Европа и притоа да побара од нив тесно да соработуваат во овозможувањето на останатите држави од регионот да и се приклучат на ЕУ.