Еврото зајакна во однос на доларот!
Објавено: 26 мај, 2013, во 15:54 часот
На девизните пазари еврото во однос на долорот зајакна, но и двете валутни ослабнаа во споредба со јапонскиот јен. Ваквата состојба е благодарение на знаците на подобрување на економската состојба во Германија изминатата недела.
Курсот на еврото во однос на американската валута зајакна 0,7 отсто до 1,2930 долари, додека во однос на јапонскиот валута, цената на еврото падна 1,1 проценти на 131 јени.
И доларот ослабе во однос на јапонската валута за 1,9 проценти на 101,25 јени.
