Херцеговец, со голи раце, задави мечка!
Објавено: 26 мај, 2013, во 08:40 часот
48-годишниот Блажо Грковиќ од Република Српска задави мечка која го нападна покрај овците. Тој се здобил со тешки телесни повреди но е надвор од животна опасност.
Жителите на селото,откако се увериле дека Блажо е добро, во шала рекоа дека сите мечки од херцеговските шуми сега ќе се отселат поради страв за својата безбедност, пренесува РТЦГ.
Јавниот црногорски сервис пренесува и видео со снимен разговор со Блажо Грковик.
