Жителите на Росоман сеуште чекаат за матичен лекар!
Веќе пет месеци жителите на Росоман се соочуваат со проблем во остварувањето на правата од здравствената заштита.
Матичниот лекар кој имаше концесија за работа и договор со ФЗОМ веќе ја загуби и сега росоманци се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Некои од нив на преглед одат кај приватни лекари во исчекување на матичен кој ќе ги прегледува на терет на државата, а се принудени да си купуваат лекови на приватно.
Од правен сектор на министерството за здравство соопштија дека на докторот кој ја загуби концесијата, лани во ноември му понудиле неколку можни решенија за да ја продолжи работата а тој не постапил по нив.
Од локалната самоуправа Росоман велат дека наскоро овој проблем со здравствената заштита ќе се надминел. Очекуваат Министерството за здравство да распише нов тендер на кој повторно ќе се додели концесија и докторот што ќе ја добие ќе ги згрижи пациентите.
„Во делот на аптеки сме доволно покриени, имаме двае паптеки кои работат во Росоман. Имаме проблем со недобиена концесија на матичниот лекар. Тој ја изгуби концесијата и се надевам дека во кратко време ќе се распише тендер за доаѓањер на друг лекар кој ќе се грижи за пациентите“ рекоа од општината.
Со буџетски средства, по примерот на Кавадарци, општина Росоман, ќе субвенционира лекари кои ќе доаѓаат во селата Манастирец, Трстеник и Паликура и по еднаш неделно во Дебриште и Камен Дол за да им пружат здравствена заштита на жителите од овие села./ A.Д