Пожар пеплоса магацин – спасена телевизија во Охрид!

Објавено на 19 мај, 2013 во 08:26

Ноќеска околу полноќ, избувна пожар во деловната зграда кај градскиот пазар, во кој изгоре магацински простор на земјоделската задруга “Горица”, а загрозена од огнената стихија била и  ТВ „Морис“, објави Охрид њус.

Сопственикот и главен уредник на телевизијата Јован Трпески изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спречено било ширењето на пожарот во насока на маркетот “Јагор” и кон просториите на ТВ Морис.

Опожарени се неколку дуќани во непосредна близина, а освен оштетување на сателитскиот систем, Телевизија „Морис“ не претрпе посериозна штета.-истакна Трпески.

Истрагата, која е во тек, треба да утврди причините за пожарот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.