Пожар пеплоса магацин – спасена телевизија во Охрид!
Објавено на 19 мај, 2013 во 08:26
Ноќеска околу полноќ, избувна пожар во деловната зграда кај градскиот пазар, во кој изгоре магацински простор на земјоделската задруга “Горица”, а загрозена од огнената стихија била и ТВ „Морис“, објави Охрид њус.
Сопственикот и главен уредник на телевизијата Јован Трпески изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спречено било ширењето на пожарот во насока на маркетот “Јагор” и кон просториите на ТВ Морис.
–Опожарени се неколку дуќани во непосредна близина, а освен оштетување на сателитскиот систем, Телевизија „Морис“ не претрпе посериозна штета.-истакна Трпески.
Истрагата, која е во тек, треба да утврди причините за пожарот.