Напивка со јогурт која ги топи масните наслаги и целулитот!
Објавено: 29 април, 2013, во 06:20 часот
Време е за борба против целулитот и масните наслаги кои се насобраа за време на зимата.
Оваа освежителнa и вкусна напивка е идеална за меѓуоброк, појадок или вечера. Напивката е направена од производи кои делуваат на регулација на телесната тежина и целулитот.
Состојки:
Јогурт –совршено делува на маснотиите во телото и го регулираат варењето.
Боровинка, малина или рибизла – многу силни антиоксиданси преполни со витамин Ц кои го поттикнуваат производството на колаген и ја негуваат кожата.
Ѓумбир – Ја зголемува циркулацијата и ја мазни кожата
Банана – Содржи големи количини калиум и го регулира задржувањето на вода во организмот.
Подготовка :
Во блендер ставете го ладниот јогурт и додадете неколку коцки мраз. Потоа додајте ја вашата комбинација на овошје исечкано на коцки и се заедно добро миксирајте. Потоа напивката истурете ја во чаша и испијте ја.
Совет:
Ѓумбирот има многу силен вкус затоа искористете многу мало парче. Играјте со вкусовите во својата напивка, можете да додадете природен сок или зачински билки како мента и цимет, по желба. Утрото започнете го со напивката збогатена со житарки и коскесто овошје како лешник и бадем.
