Се бара помош од граѓаните – пријавете доколку ја забележите Јаница, исчезнато лице од Мал групен дом во Градско
Објавено: 5 октомври, 2026, во 16:43 часот
На 3 октомври,во саботата, во 19:30 часот во Полициска канцеларија Градско, од Мал групен дом во Градско е пријавено дека се оддалечила нивната штитеничка Ј.Ц.(38), која имала здравствени прблеми.
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Се молат граѓаните да пријават во најблиската полициска станица доколку ја забележат Јаница Цековска која е висока околу 165 цм и тешка околу 70 кг. Таа е девојка со кратка црна коса. Во моментот на оддалечување Јаница била облечена во црни тренерки на кои имало со лилјакова апликација. На себе од обувки носела црни пластични влечки.
Убавка Јаневска


