Мајкл Џордан се ожени со манекенката Ивет Прието
Објавено: 28 април, 2013, во 15:19 часот
Поранешниот кошаркар Мајкл Џордан се ожени со манекенката Ивет Прието, со која тој се вери во 2011 година. Парот судбоносното ДА го изговори во присуство на 2200 познаници, а инаку ова е втор брак на славниот спортист.
Педесетгодишниот Џордан и неговата 15 години помлада сопруга се венчаа во црква, а веселбата продолжи во приватната вила на поранешниот кошаркар./В.Р
