Мелемот на Калиопи пристигна и во Белград

Објавено: 27 април, 2013, во 13:22 часот

По скопската и сараевската промоција, конечно се случи и долго очекуваната белградска промоција на новиот албум на Калиопи – Мелем. Музичкиот Мелем на Калиопи го сочинуваат 10 нови песни кои ги потпиша Ромео Грил, а за територијата на Србија и  Црна Гора албумот го објавува Сити Рекордс.

Белградската промоција на Мелем се одржа во хотелот Кристал, каде многу познати личности од Србија дојдоа да и укажат чест на Калиопи: Жељко Самарџиќ, Тијана Дапчевиќ, Саша Драгиќ, Огњен Радивојевиќ и Биљана Лукиќ, Миња Субота, Неверне бебе, Соња Коциќ и Александар Каприш, Саша Обрадовиќ, Као Као бенд, Душан Алагиќ…

Меѓутоа покрај гостите од Србија, за Калиопи од Македонија пристигнаа Слаѓана Тасева и Владо Јаневски, а од Хрватска Јосип Радељак Дикан…

На промоцијата присуствуваше и Љубиша Георгиевски, македонскиот амбасадор во Србија, заедно со својата сопруга.

Според агендата, Калиопи на 27-ми април ќе престојува во Умаг, на концертот Индекси и пријателите, додека промоцијата на Мелем во Загреб е закажана за 29-ти април (понеделник). На есен Калиопи тргнува на концертна промотивна турнеја, со напомена дека концертот во Белград е закажан за октомври.

Уживајте во фотографиите кои Калиопи ги објави на својот профил на Фејсбук./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.