Мелемот на Калиопи пристигна и во Белград
Објавено: 27 април, 2013, во 13:22 часот
По скопската и сараевската промоција, конечно се случи и долго очекуваната белградска промоција на новиот албум на Калиопи – Мелем. Музичкиот Мелем на Калиопи го сочинуваат 10 нови песни кои ги потпиша Ромео Грил, а за територијата на Србија и Црна Гора албумот го објавува Сити Рекордс.
Белградската промоција на Мелем се одржа во хотелот Кристал, каде многу познати личности од Србија дојдоа да и укажат чест на Калиопи: Жељко Самарџиќ, Тијана Дапчевиќ, Саша Драгиќ, Огњен Радивојевиќ и Биљана Лукиќ, Миња Субота, Неверне бебе, Соња Коциќ и Александар Каприш, Саша Обрадовиќ, Као Као бенд, Душан Алагиќ…
Меѓутоа покрај гостите од Србија, за Калиопи од Македонија пристигнаа Слаѓана Тасева и Владо Јаневски, а од Хрватска Јосип Радељак Дикан…
На промоцијата присуствуваше и Љубиша Георгиевски, македонскиот амбасадор во Србија, заедно со својата сопруга.
Според агендата, Калиопи на 27-ми април ќе престојува во Умаг, на концертот Индекси и пријателите, додека промоцијата на Мелем во Загреб е закажана за 29-ти април (понеделник). На есен Калиопи тргнува на концертна промотивна турнеја, со напомена дека концертот во Белград е закажан за октомври.
Уживајте во фотографиите кои Калиопи ги објави на својот профил на Фејсбук./В.Р







