Правила за одење во солариум!
Објавено: 27 април, 2013, во 10:14 часот
Веројатни и самите сте свесни за сите негативни страни на солариумот па овој пат нема да зборуваме за нив. Ако и покрај сите здравствени ризици не сакате да се откажете од користењето на апаратот за потемнување на кожата ви предлагаме правила на кои би требало да се придржувате.
– Обидете се да одите во солариум што поретко. Се препорачува најмалку два дена пауза помеѓу два третмани.
– Пред заминување во солариум задолжително направете пилинг на телото за да ги отстраните мртвите клетки.
-Препорачливо е да се истуширате два часа после третманот
– Имајте на ум дека солариумот ја суши кожата па затоа задолжително после сончањето намачкајте се со хидратантно млеко за тело.
– Сончањето не ја суши само кожата туку и целиот организам па затоа по солариумот пијте многу течности.
– Ако пиете антибиотици, имате менструација или неодамна сте се тетовирале одложете го одењето во солариум.
– Ако сакате да ја одржите бојата во солариум одете еднаш неделно и тоа на 5 минути.
