Десет лесни начини да го намалите стомакот!
Објавено: 27 април, 2013, во 09:37 часот
Како што се приближува времето за облекување на костим за капење така се зголемува и желбата за рамен стомак. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат.
Хидрирајте го организмот со вода
Најважна и основна работа која морате да ја работите е во организмот да внесете доволно вода која ќе ги измие токсините од телото, посебно кога надвор е топло. Внесувањето на вода подразбира и губење на тежината.
Елиминирајте ги газираните слатки пијалаци од исхраната
И да сакате да испиете газиран или диететски газиран пијалок, овие производи, лошо влијаат на вашето здравје. Не само што ќе го дехидрираат организмот туку ќе додадат калории без никакви нутрициски вредности и ќе го подујат стомакот. Многу подобра алтернатива е обична вода со мраз со лимон или некое друго освежително овошје.

Шетајте и разговарајте со другарките
Ако тргнавте во прошетка или на трчање прашајте ја другарката дали сака да ви се придружи. Вежбањето со пријатели ќе ве мотивира на повеќе вежби отколку кога сте сами. Планирајте неделна заедничка активност, запишете се заедно во теретана или започнете фитнес вежби.
Задолжително намалете ја солената храна како чипс и переци
Внимавајте колку грицки и солени печива внесувате во организмот. Големото присуство на сол ќе задржи повеке течности во вашето тело. Солта е главен виновник за зголемена тежина бидејќи ја задржува водата и предизвикува надуеност во стомакот. Ако сакате рамен стомак избирајте храна која содржи помалку сол.
Изберете исхраната богата со влакна
Стомакот ќе има дури 4 проценти помалку маснотии дневно со секои 10 грама на производ кои содржи влакна. Едноставен начин да ги внесете во организмот се овошјето и зеленчукот. На пример, 10 грама влакна ќе најдете во 2 јаболка,1 артичока или 140 грама брокула.

Боксот е одличен за рамен стомак
Традиционалното боксување или аеробик кикбокс се одлични за затегнување на стомакот. Освен тоа тие се супер вежба за целото тело. Секој удар позитивно ќе делува на вашиот стомак и ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите.
Вежбајте и кога чистите
Чистењето на домот може да биде многу досадно но може да ве мотивира сознанието дека додека метете со правосмукалка истовремено ги вежбате и вашите стомачни мускули.
Веслањето е одлично за стомакот
Веслањето или негова симулација е одлична вежба за стомачните мускули и тоа за горниот и долниот дел поради непрекинатите движења. Вашите мускули, во долниот дел на стомакот, постојано ке се истегнуваат и собираат.

Изедете авокадо
Само половина авокадо содржи 10 грама монозаситени киселини кои го запираат растот на шеќер во крвта при што на телото ке му сигнализира дека има залиха на маснотии околу стомакот. За да го спречите таложењето на мастите околу стомакот јадете авокадо.
Алкохол и стомак
Алкохолните пијалаци се многу лоши за подигање на нивото на кортизол кој ги испраќа мастите директно во стомакот. Всушност,познато е дека алкохолот ќе ги зголеми масните наслаги на вашиот стомак побрзо отколку било што друго да изедете или испиете. За да се ослободите од мастите на стомакот морате сериозно да го намалите консумирањето на алкохол.
