Со суво четкање ослободете се од целулитот!
Објавено: 27 април, 2013, во 08:16 часот
Се наближува летото и многу жени разочарани ќе влезат во костимите за капење. Речиси и да нема жена која не ја мачи целулит. Тој е еден од најголемите непријатели на женската убавина и од него е навистина тешко да се ослободите.
Здрава исхрана, доволно внесување на течности и редовно вежбање, многу се важни за ублажување на проблемот, но постои уште нешто што може да се направи за да се ослободите од целулитот.
Масажите многу делуваат за ублажување на целулитот и сувото четкање. Четка можете да купите во секоја продавница. За четкањето да биде повлијателно потребно е телото да биде подложено на пет третмани неделно.
По туширањето кожата целосно исушете ја и потоа со енергични движења на четката минувајте по телото оддолу па нагоре. Освен што ќе ги отстраните мртвите клетки , сувото четкање ќе ја забрза циркулацијата, ќе ја измазни кожата заради што и целулитот помалку ќе се гледа. Треба да бидете упорни за сувото четкање да има ефект.
