Кавадарчани го надминаа македонскиот просек во имунизација!
Висок степен на едуцираност покажаа кавадарчани кога е во прашање вакцинацијата. Близу сто отсто од децата се заштитени со вакцини од најтешките заразни болести. Овие податоци кои ги изнесе началникот на Одделот за заштита на деца и младинци при кавадаречкиот здравствен дом, покажуваат надминување на државниот просек кога е во прашање имунизацијата.
„ Во 2005 година бевме меѓу првите здравствени домови кои се вклучивме во одбележување на неделата на имунизација. Во однос на имунизацијата во Кавадарци стоиме одлично. За сите 11 заразни болести за кои вршиме имунизација го надминуваме македонскиот просек. Кај определени вакцини имунизацијата достигнува над 99 отсто. Соработката со родителите ни е одлична. Имаме мали проблеми со ромската популација, каде имаме малку понизок процент. Но во последно време и тие доаѓаат и си ги вакцинираат децата затоа што знаат дека овие болести, за кои се врши вакцинација, во минатото биле смртоносни, а сега се искоренети благодарение на вакцинациите“ рече д-р Никола Трендафилов, началник на одделот за имунизација.
Тој нагласи дека и годинава кога се одбележува неделата за имунизација и покрај високиот процент на вакцинирани деца, нивни екипи ќе излегле на терен и ќе вакцинирале. Со ова активност ќе биле опфатени децата кои не биле вакцинирани согласно календарот за имунизација./ А.Д