Разбудете се поубави!
Објавено: 26 април, 2013, во 09:20 часот
Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат наутро да изгледате свежо и средено.
1.Направете плетенка додека косата се уште ви е мокра. Наутро ќе имате брановидна секси фризура.
2. Спијте со маска за очи. Така ќе го спречите „гужвањето“ на кожата.
3. Нанесете хидратантен крем на кожата на лицето и на телото.
4. Сочувајте го ефектот на фенирањето – врзете ја косата во високо коњско опавче.
5. Нанесете некое есенцијално масло на кожата на лицето. Наутро ќе изгледате како штотуку да сте дошле од козметички третман.
6. Нанесете слој врз слојот на препаратот за нега на кожата. Да, преку ноќ! Тоа ќе овозможи полесно да се впие.
7. Ставете маска на косата – доколку имате навика наутро да ја миете косата.
8. Нанесете препарат за самопотемнување. Почекајте да се исуши.
9. Спијте на сатенски перничиња – така вашата кожа нема да се собира, да се крши…
