Ученици од Кавадарци ќе го изучуваат италијанскиот јазик!
Технолошките помагала го прават поквалитетно македонското од италијанското образование. Ова го кажаа наставниците од ООУ „Гоце Делчев“ од Кавадарци, откако се вратија од четири дневната посета на приватно основно училиште во општината Бјела во Италија.
Целта на посетата била токму тоа, да се согледаат разликите во образовниот систем и да се направи споредба на методите и техниките кои се користат во образованиот процес во двете земји.
„Целта беше да направиме размена меѓу учениците и наставниците од двете училишта. Утврдивме дека нашето образование е на нешто повисоко ниво, особено во технологијата. Кај нас секој ученик има компјутер, што таму не е случај. Тие сеуште ја практикуваат класичната настава, во која наставникот го има главниот збор на часот. Сметам дека кај нас се обрнува поголемо внимание на учениците и има поголема блискост меѓу наставниците и учениците. Оваа посетата беше подржана од Националната агенција за европски програми „Мобилност“. Нашето, е прво училиште во земјава кое доби грант за да отпатува во Италија“ рече наставничката по италијански јазик Даница Мургова.
Сега се очекува во јуни ученици и наставници од италијанското училиште да ја возвратат посетата.
Се започна кога неодамна локалната самоуправа Кавадарци потпиша меморандум за соработка со општината Сан Николао од Италија која особено треба да се реализира преку подигнување на квалитетот во образовниот процес и изучување на италијанскиот јазик./ А.Д