Родителите на двегодишната Мила бараат помош за да и се отстрани големата бемка од лицето!
Девојченцето со вродена зголемена пигментација мора да се прави операција на клиника во Чикаго.
Двегодишната Мила Сибиноска не случајно го носи ова име кое вистински и прилега. Сепак кога ќе го погледнете ова мало девојченце не може да се избегне погледот да не сопре на големата бемка на лицето која освен што преставува естетски проблем, е потенцијална опасност за рак. Операција мора итно да се прави за да се отстрани бемката, но нејзините родители стравуваат дека ако тоа не се случи за брзо време животот на Мила ќе биде загрозен.
„Да кажеме само да е од естетска природа па може ќе речеме ајде ќе почекаме, сега не сме во можност да платиме за операција, може ќе дојдат подобри времиња. Но, работата е што после третата година постои голем ризик од појава на рак и за тоа мора што поскоро да се оди на операција“, рече Игор Сибиноски, татко на Мила.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=QbH88ZyRFfo&feature=youtu.be{/youtube}
Возраста во која се наоѓа Мила е идеална за отстранување на бемката. Клиника во Чикаго се согласила да ги изведе неколкуте сложени операции, но тие чинат многу. Фондот за здравство ќе плати 80 проценти од сумата, па Сибиновски треба да доплатат уште 16 илјади долари. Но, ова не единствената давачка за нив бидејќи процесот ќе трае неколку години, а државата не ги покрива ниту патните трошоци ниту престојот во САД.
„Не се проблем само оние 20 проценти кои треба да ги доплатиме. Следат повеќе одења во Америка, или пак престој таму од една до друга операција и додатно тоа повлекува многу трошоци. Во моментов таа уште мала и нема сознание за тоа дека има проблем, естетски и здравствен, но со тек на време нема да може нормално да функционира и ќе мора да се отстрани оваа пигментација“, рече Тања Сибиноска, мајка на Мила.
Поради ова Сибиноски молат за помош. Веќе објавиле телефонски броеви за донации и се надеваат на хуманоста на луѓето. Мила пак за сега безгрижно ги живее детските денови потпевнувајќи ги првите научени строфи од омилените песни. Со една од нив не испрати и нас./Б.Н.
Броеви за донации:
075 143 123 – Оне
070 143 191 – Т-мобиле
077 143 193 – Вип
Жиро сметка – 300001000023282 Комерцијална банка