ВМРО-ДПМНЕ победи во Ѓорче, ДПА во Струга!
Објавено: 21 април, 2013, во 19:46 часот
Сокол Митровски кандидат на ВМРО ДПМНЕ победи на денешното гласање во општина Ѓорче Петров. За него гласале 11.893 или 50,99%. За кандидатот на Сојузот за иднината Александар Наумовски гласале 10.697 или 45,86%.
Според податоците на ДИК во Струга на денешното гласање победа однесе кандидатот на ДПА Зијадин Села, за кој гласале 20.723 или 58,26%. За неговиот против кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Димитар Кочоски гласале 14.659 или 41,21%.
