Се одбележува денот на НАТО!
Објавено на 4 април, 2013 во 08:20
Се одбележува 4 Април, Денот на НАТО, во Македонија.
Во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија под покровителство на Министерството за одбрана како дел од проектот „НАТО недела – обезбеди ја иднината“ министерот за одбрана Талат Џафери ќе се обрати во Домот на АРМ во Скопје.
Овој проект овозможува промоција на историјата, вредностите и целите на НАТО.
Одбележувањето на годишнината за повод ја има 1949 година кога во Вашингтон, 12 земји го потпишале Договорот со кој е конституирана Северноатлантската алијанса.
