Китев: „Ги понижуваат социјалците, газат човечки души“!

Објавено: 3 април, 2013, во 13:20 часот

„Немаштијата и тешкиот живот тропна на вратата на секој кавадарчанец.  Ваква мизерија и безизленсот никогаш не сме имале.  Граѓаните со просечна плата неможат да оставарат ниту 60% од животните потреби додека 2/3 од македонските работници земаат под минимално утврдената плата а за работни права веќе неможе да стане ниту збор. Одамна ги нема“ вака ја започна денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“ Бетиан Китев. Се осврна на како што рече, се полошите и понижувачки услови во кои живеат најголем дел од македоснките граѓани.

„7 000 стечајци ја изгубија социјалната заштита заради утврдени “други“ приходи, мегу кои и оние од собирање пластични шишиња. Без тронка совест и грев ги избришаа луѓето кои живеат под секое човечко достоинство, луѓе кои собираат старо железо и картони и го носат за да обезбедат буквално парче леб.  Се газат човечки души и се осудуваат семејства за интересите на статистика која им е многу побитна од животот на социјално загрозените.  Ги избришаа илјадници граѓани од Заводот за вработување по разни основи. Зарем мислат дека овие луѓе кои сеуште се на улица и бараат начин да опстанат,  дека би им значело нешто кога ќе слушнат на провладините медиуми како наводно невработеноста е намалена?  Пикаат по институции разни волонтери искористувајќи го нивниот труд без пари. Овие млади луѓе ниту се вработени, ниту се осигурани, ниту стаж им оди. Само ги залажуваат и го експлоатираат нивниот труд со години. Стотици граѓани немаат решенија, ги држат во неизвесност и ги уценуваат со нивното работно место за нивните гласови.  Од друга страна нивните фамилии ги вработија и таму каде што немаше работа. На едно биро седат по пет души. Нема ниту столчиња са сите. Се избркаа стручни кадри а се напикаа партиски послушници без соодветно образование и без било каква квалификација. По алармантна состојбата во општината не била.“ рече Китев, а се осврна и на главниот адут на неговиот опонент.

„Со фамозната фабрика Дрекстер Маер манипулациите и надлажувањата го достигнаа врвот на мизеријата. Премиерот на почетокот тврдеше дека ќе се вработеле 4000 работници, потоа големиот трагач по инвестиции Веле Самак изјави дека  имало 560 лица вработени. Александар Панов за да се покаже пред Премиерот одговори дека вработени се 700 лица, потоа Самак тврдеше дека ќе се вработат 1000 лица, а Панов со нова изјава излезе дека се 1700……….и така, кој како ќе му текни и како му е по звучно во моментот си вадат бројки од џеб без притоа ни малку срам и одговорност за она што го зборуваат пред граѓаните.“ нагласи Китев.

Тој праша дали со расфрланите лопати низ улиците сакаат да ги убедат граѓаните дека се гради.

„Сега ли им текна тротоар да прават? До каде ќе одат со нивното  потценување на интелектот на граѓаните? Една работа е јасна,Нема потреба никој да ни каже дали живееме подобро или не. Нема потреба никој да не убедува како сме живееле а како живееме сега. Доволно е секој да го отвори фриждерот дома и да види што има внатре. Понатаму, самите одлучете.  Сограѓани, ако не мислиме на иднината сега, неможеме да ја имаме. Ако ја сакаме, мораме да се избориме за неа. Нудиме слобода и демократија, правда и човечност. Да го разгориме огнот против партијските поделби и притисоците. Седум години ќутиме и трпиме. Седум години живееме само со нивните закани и притисоци, со нивните лаги и измислици. Седум години гледаме како нашите пари се трошат на криминален начин и како си ги полнат сопствените џебови“ рече Китев и ги повика кавадарчани на 7 април да застанеле на негова страна. Уште еднаш упати благодарност до Панчо Минов за јавно искажаната подршка во вториот круг./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.