Спасени се, од наноси, столбовите на мостот кај неготинско Војшанци!
Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија Повардарието придонесоа да дојде до зголемување на нивото на водите во реката Вардар.
Се зголеми опасноста и по безбедноста на Војшанскиот мост кој се наоѓа во непосредна близина на термоелектричната централа Неготино.
Надојдените води на Вардар со себе донесоа големи наноси од дрвја и смет што запреа на столбовите. Тие и од предходно имаа претрпено сериозни оштетувања. На мостот од неодамна беа поставени сообраќајни знаци и беше воведена забрана за движење на товарни возила.
За таа цел денес стручни лица од одделението за комунални дејности при општина Неготино заедно со работници на овластена градежна фирма излегоа на терен и извршија чистење на насобраните дрвја.
Во отстранувањето на гранките и сметот се користеа чамец и соодветна механизација. Сега таму е чисто но состојбата ќе мора да се следи поради можни нови наноси./Б.Н.Т