Коњановски: „Ако не им исплати на лозарите Винеа ќе ја избириме од регистарот“!
Иако помина договорениот рок за исплата на долгот на винарската визба „Винеа“ кон лозарите за откупеното грозје во 2009, 2010 и 2011 година, лозарите сеуште неможат да си ги земат своите пари. Дека динамиката на исплата не задоволува потврдуваат лозарите, но и претседателот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов.
Денеска за овој голем проблем на лозарите одговор побаравме и од заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски. Рече дека доколку не се испочитува рокот винаријата ќе ја избришеле од регистарот на винарски визби и во иднина не ќе може да ја врши дејноста и да откупува грозје.
„ Но со тоа маките нема да престанат на земјоделците. Ние неколку пати за тоа имаме разговарано со земјоделците и во Министерство и во влада, со цел да извршиме притисок врз „Винеа“ да си го исплати договореното кон лозарите. Ние немаме директен договор со винаријата, директен договор преку откупните белешки, преку откупеното грозје имаат лозарите. Но, никогаш нема да ги оставаме сами да се борат во решавањето на нивните проблеми.Еве и ние како министерство и како влада ќе настојуваме да им помогнеме преку институцвиите на системот да си ги наплататат парите од „Винеа“ рече Коњановски./ А.Д