Утринава, под опсада, домот на кандидатот за градоначалник во Виница!
Објавено: 31 март, 2013, во 17:01 часот
Рано утринава околу 5 часот извршено е насилие на имотот на кандидатот за градоначалник на Виница од Сојузот за иднината Венцо Вуинов, пренесува 24 вести.
Него го разбудиле навредливите зборови и викотници кои доаѓале од улицата пред неговиот дом. Вуинов, во изјава раскажува како подоцна куќата му ја каменувале и фрлале стаклени шишиња неколкумина млади сограѓани. Тие му го оштетиле автомобилот.
“Кога излегов надвор во дворот беше хаос, имаше искршени шишиња, камења, а врз колата ја ставиле приколката. И кога се спуштив по улицата имаше викотница, кавги, расправии и забележав дека татко ми со двајцата соседи кои влегоа во колата и тргнаа во спротивна насока веќе успеале на стотина метри подолу да ги пресретнат и фатат насилниците. Дојде полицијата за кратко време и освен еден останатите насилници ги спречи да избегаат, ги уапси. Таму беа претседателот на УМС во Виница Роберт Зафиров како и еден дечко кои моментално е на полициски курс а се вика Виктор Анакиев како и Драган Вучков. Четвртиот беше избеган ама еве сега разбрав дека полицијата го пронашла“, рече Вуинов.
Од министерството за внатрешни работи, за 24 Вести, го потврдија немилиот настан кој се случил во Виница.
Лицата се приведени во алкохолизирана состојба, при што полицијата со нив имала информативен разговор./А.Д
