Летното сметање на времето причина за срцев удар!?
Објавено: 31 март, 2013, во 11:21 часот
За дури 71% се зголемува ризикот за срцев удар на денот кога започнува летното сметање на времето споредено со ризикот едена недела пред промената, покажале резултатите од студијата спроведена во болницата Вилијал Бемонт во Мичиген.
Американското списание за кардиологија се обиде да одговоро на прашањата зошто при промената на сметањето на времето доаѓа до вакви драстични промени во организмот. Било какво пореметување на биоритамот, сонот како и намаленото време за сон го зголемува нивото на хормонот кортизол, односно крвниот притисок, што има влијание на срцето.
Во друга студија е докажано дека учениците во неделата по промена на сметањето на времето имаат лоши резултати на испитите.
Интернет пребарувачите пак во овој период од пролетта бележат зголемено пребарување на забавни содржини, па дури и во текот на работното време.
Треба да се има во предвид дека на телото му е потребно една недела за да се опорави од телесниот и менталниот шок поради промена на времето, па затоа бидете внимателни и успорете го дневниот ритам што е можно повеќе. Помеѓу другото успорете ја и брзината со која возите, бидејќи студиите покажале дека промената на времето влијае и на зголемениот број на собраќајни несреќи.
Интересно е да се спомене дека промената од летно во зимско сметање на времето, кое особено им годи на спанковците нема вакви драстични влијанија врз луѓето, освен што предизвикува мали проблеми со сонот. Можеби зошто се добива еден час плус како подарок.
Извор: Факултети.мк
