Адвокатите ќе работат со фискални сметки!

Објавено на 30 март, 2013 во 15:24

Адвокатската комора  побара да не се применуваат повеќе адвокатските маркички што значи дека  ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информираше денеска дека  министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот.

„ Со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на оданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а во делот на плаќањето  преку жиро сметка тоа ќе се биде вообичаено,“ рече Ставрески.

Тој оцени дека им се излегува во пресрет на адвокатите за да се воспостават еднакви услови на пазарот и функционален систем за практична примена на даночната  постапка.

Претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски оцени дека новото решение претставува значен чекор за зачувувањето на независноста и на иднината на адвокатурата кои биле доведени во прашање со сеуште важечкиот сегашниот закон./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.