Ново видео на македонскиот состав Стринг форсис!

Објавено: 23 март, 2013, во 13:57 часот

По четригодишна визуелна пауза, македонскиот состав Стринг форсис, го промовираше своето ново аудио и визуелно остварување под наслов „Причина-предумисла“. „Причина-предумисла“ е најавен сингл од новиот албум кој е во изработка.

Покрај музиката која што е на Стринг форсис, видеозаписот е режисерско дело на Дина Дума, врз основа на концептот на Дориан Јовановиќ. Во главната улога се појавува Влатко Зафирковски, директор на фотографијата е Горан Наумовски, Тања Рибарска монтажа, сценографија на Влатко Зафирковски, шминка Жанета Димитриевска и колор корекција Александар Стојановски. Видеозаписот ќе може да го погледнете на веб-сјатот на Стринг форсис: http://stringforces.info, на некои од македонските телевизии како и на музичкиот канал МТВ Адриа (MTV).

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.