Давидов: „Грозјето е нашиот идентитет. Ќе го решавам хаосот во лозарството“!

Објавено на 18 март, 2013 во 20:23

Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци, Борис Давидов вечерва пред своите сограѓани ја претстави изборната програма за која ја бара довербата.

Оцени дека се вршело силно влијание врз свеста на граѓаните од власта , но и покрај тоа граѓаните на 24 март ќе донеле мудра одлука. Според него тие немало да потпаднат на секојдневните притисоци.

 

Потенцира дека ако стане градоначалник на Кавадарци целосно ќе се посвети на локалниот економски развој, привлекување на инвестиции, отворање на работни места и заживување на старите занаети.

„Имаме низок стандард, голем број стечајци, огромна невработеност. Кавадарци е атрактивна општина за привлекување на странски инвеститори“ рече Давидов и нагласи дека било добро тоа што во голем дел од изборните програми на неговите опоненти се содржани проекти за кои тој постојано се залагал како досегашен советник во кавадаречкиот совет.

Тој како поранешен лидер на лозарите и претседател на „Агротиквешија“  повторно се осврна на сосотојбите во лозарството.

“Лозарството е во катастрофална состојба. Луѓето работат, се мачат, а никако да си ги наплатат парите за грозјето. За се има извршители, но не и за наплата на парите на лозарите. Ќе направам се да го решиме хаосот кој владее во оваа гранка од која егзистираат 5.000 фамилии. Гројзето е нашиот идентитет. Добро е што има субвенции, но со нив не е завршена работата. Цената за грозјето е депресивно ниска. Насекаде околу нас килограм грозје чини 30 денари“ рече Давидов. Потенцира дека поркај градот поденакво ќе се води грижа и за селата кои сега биле оставени на забот на времето.

На вечерашнава конвенција беше претставена и советничката листа чиј носител е Тони Танев./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.