Променливо облачно со сончеви периоди
Објавено: 29 септември, 2026, во 08:30 часот
„Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 11 Целзиусови степени, а дневните од 18 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец,“ гласи временската прогноза на Управа за хидрометеоролошки работи.
Дума.мк


