„Зона“ и “Сојузот за иднината“ ги расчистија недоразбирањата!

Објавено на 18 март, 2013 во 14:59

Откако кандидатот за градоначалник на Кавадарци од „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев во својата програма напишал дека по превземањето на функцијата ќе ги дислоцирал просториите на невладината организација „Зона“, бидејќи тоа го барале дел од станарите во зградата каде е сместена невладината организација, денеска недоразбирањето се расчисти на прес конференција.

„ Испадна дека голем проблем е локацијата на НВО „ЗОНА“. Нешто што како проблем во послените 10 годнини не сме го имале,  а мислам дека и во иднина и ќе го немаме. Највероијатно некој од соседите изреагирал така и имал некоа непријатна случка и го ставил во анкетните листови на политчките партии,а тие го напишале во изборната програма. Тоа се инцидентни случаи кои не претставуват проблем.  „Зона “ покажа дека рабиоти транапсретно и работи на неколку проекти. Работиме не само на намалување на штети од употрба на дроги, туку и на младинска ополитка,  спортски и културни натпревари.  И во разговор со кандидатот за градоначалник, Бетиан Китев,  ги надминавме сите несогласувања“ рече Никола Деков извршен директор на  „Зона“.

“СДСМ  „Сојузот за иднината“ сакаат да укажат на јавноста дека нивната основна цел по превезмањето на локалната власт е да овозможат еднаков, одговорен и транспарентен пристап за сите невладини организации, кои учествуваат  во градењето и креирањето на политиките поврзани  со здравиот живот на младите. Сакаме да потенцираме дека определбата наша оди во насока на зацврстување и помагање на секоја невладинба организација која има една и единствена цел, а тоа е  отргнување на младите од денешните пороци. Во таа насока сакам да кажам дека и НВО „Зона“ со своето работење до сега покажа дека е активен чинител и секојдневен помагател на младинските политики кои одат во насока на афирмација на денешните вредности кои ги застапуваат младите“ рече на заедничката прес конференција Сашко Петров, кандидат за советник од Сојузот.

Тој напомена дека ако Китев ја добиел подршката на кавадарчани ќе се залагал за поголем буџет да одвои општината за невладините организации./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.