ВМРО-ДПМНЕ: „Наместо лаги и плагијат изберете дела“

Објавено на 18 март, 2013 во 14:56

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на прес конференција обвини дека „Сојузот за иднината“ им ја препишал прогрaмата.

„Пред народот излегуваат со плагијатосрки идеи  притоа воопшто не забележувајќи дека поголем дел од нивната понуда која тие допрва би ја граделе, ние од ВМРО-ДПМНЕ веќе сме ја реализираме. Нудат „решение“ за изградба на современ кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“. Ако се слепи при очи, ние веќе почнавме да го градиме тоа современо сообраќајно решение. Се чудиме како од цело Кавадарци, само тие не го гледаат, а се наоѓа на стотина метри од домот на нивниот кандидат за градоначалник. “ рече Андон Лазаров, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи и дека украден им бил проектот за гасификација. Опозицијата нудела гасификација по примерот на Струмица, а  владата  веќе потпишала договор за вклучување на Македонија во новиот гасовод „Јужен Поток“ кој ќе завршува во Кавадарци.

“Нивниот скап и нерационален проект со цистерни, ни од далеку не наликува на нашиот со кој ќе обезбедиме  непречено снабдување на индустријата и граѓаните со квалитетен природен гас и тоа без прекин.  Нудат решавање на водоснабдувањето со дополнителни 200 кубни метри вода во секунда.Ако имаат барем еден писмен експерт  како нивниот пратеник кој беше директор на ЈП Тиквешко Поле“ тогаш со ова решение тие Дунав ќе го навртат на Кавадарци. Безидејноста на препишувачите и плагијаторите повторно тапка зад нас со неправилно препишани наши проекти“ рече Лазаров./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.