Татко ја застрелал ќерка си, па се самоубил!
Објавено: 13 март, 2013, во 21:26 часот
Вечерва околу 19 часот во тетовската приградска населба Мала Речица се случило убиство и самоубиство.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски таткото Ќ.Б.(51) најпрво ја застрелал својата ќерка Р.Б.(27), а потоа со пиштолот кој го поседувал со дозвола се застрелал и самиот. Двајцата биле вработени во странство. Ќерката пристигнала пред неколку денови, а таткото денеска во нивниот дом во Мала Речица.
Истражен судија, екипа на полицијата и обвинител вршат увид на местото на трагичниот настан и работат на откривање на причините за убиството и самоубиството
Според неофицијални и непотврдени информации најверојатна причина за убиството и самоубиството се несогласувањата околу љубовната врска на ќерката што таткото не ја прифаќал и сакал да се прекине./ А.Д
