Утре можност за невреме!

Објавено: 13 март, 2013, во 20:56 часот

Во текот на  ноќта  и утре не очекува облачно време со интензивни врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Според прогнозата на синоптичарите се очекува локално да наврнат и над 40 л/м2. На високите планини (над 2000 метри) се очекуваат обилни снежни врнежи. Во текот на денот ќе има и развој на нестабилна облачност, па на некои места се очекуваат поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер.

 

Во петок врнежите од дожд продолжуваат, но со намален интезитет. Снежната граници ќе се спушти на околу 1500 метри. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Ветрот попладне ќе слабее. Кон крајот на денот од север брзо ќе се спушти студена воздушна маса. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, кој ќе има удари до 70 км/ч, особено долж реката Вардар. Се очекува и нагло опаѓање на температури, па слаби врнежи од снег се очекуваат и на неко пониски места.  Во петок се очекува нагло опаѓање на температурите – метеоропатите ќе го осетат ова, бидејќи овие денови имаме температури и до 20 степени

Во сабота циклонот постепено ќе ја напушта територијата на Македонија. Врнежите насекаде ќе престанат, освен на некои повисоки места каде е можно слабо провејување на снег. Ќе биде студено и ќе дува силен северен ветер.

Утре се можни силни електрични празнења, па не се препорачува (доколку се забележат такви атмосферски дејствија) да се престојува на отворен простор или под осамени дрва, предупредуваат од УХМР.

Во недела се очекуваат утрински температури под 0 степени кои  негативно ќе се одразат врз некои видови овошки./ A.Д

извор: Weather4all.com

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.