Уставен одлучи да одлучува за лустрацијата!

Објавено: 13 март, 2013, во 14:18 часот

Уставниот суд не можел да одлучи дали законот за лустрација е во согласност со Уставот, па судиите по денешната расправа која траела час и половина одлучиле дека треба да се организира подготвителна седница на која би се разјасниле одделните и фактичките правни прашања за одредбите од законот.

Во меѓувреме законот може да се спроведува така како што е донесен минататa година во јуни.

Одлуката е донесена со мнозинство од гласови и се однесува на три иницијативи поднесени до судот и тоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од граѓани поединци со кои се оспорува законот во целина како и одделни 14 члена од истиот закон.

Иницијативите се однесуваат на временскиот опфат на Законот, опфатот на лицата кои би се лустрирале како процедуралните гаранции за лицата опфатени со лустрацијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.