ТМ: “Во Македонија нема услови за фер и демократски избори“!

Објавено: 12 март, 2013, во 16:00 часот

Транспарентност Македонија во извештајот за февруари констатира дека во Македонија нема услови за фер и демократски избори.

Според оваа организација репер за фер и демокрарски избори не било само прашањето дали имало пукање, човечки жртви, туку и спроведувањето на останатите законски предуслови, особено финансирањето на изборните кампањи и пристапот до медиумите.

 

“Масивната корупција на избирачите се случува веќе како по правило. Вонредните исплати, исплатите на државни обврски кои со месеци и години не се реализираат – а потоа во предизборниот период масовно се исплаќаат, но и законските измени кои под разни основи, па дури и антикризни мерки, овозможуваат бенефит за граѓаните и фирмите, дури и по цена на наградување на оние кои го прекршиле законот, значи дека претходно воспоставената практика, која не беше санкционирана од ниедна релеантна институција, сега продолжува со несмалено темпо. Тоа всушност го покажува фактот дека ниедна институција која има мандат да е грижи за обезбедување фер и демократски избори, не го спречува флагрантното прекршување на Изборниот законик, со што постоењето на тие институции станува бесмислено“ пишува во извештајот на Транспарентност.

„Во оваа кампања се повторуваат истите обрасци на финансирање кои ги видовме во кампањата во 2011 г.   Затоа, ТМ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, во со закон прецизираните извештајни периоди за политичките партии, редовно да ги објавува банкарските изводи од изборните сметки на партии, за што имаат целосен мандат, со што ќе покажат интегритет и грижа за овозможување макар делумно спроведените фер и демократски избори“ бара Транспарентност Македонија за одржување на фер и демократски избори./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.