Минов: “Ќе направам се` лозарите да бидат среќни“!

Објавено на 12 март, 2013 во 13:49

“Ако граѓаните ми дадат мандат на претстојните избори, целосно ќе се посветам во застапување на правата и интересите на лозарите“им вети на своите сограѓани кандидатот за градоначалник на Кавадарци Панчо Минов.

“Ќе се залагам владата и министерствата да не се повикуваат за ненадлежни околу сите проблеми во лозарството,  туку да имаат редовна надлежност за Кавадарци и тиквешкиот регион со третирање на сите проблематики со лозарството. Ако ја добијам вашата   подршка ќе се залагам да се отпочне со гарантирана исплата на откупеното грозје надоцна до Свети Трифун, празникот на лозарите.  Ќе барам државата да изврши заштита кон производителите на грозје, со тоа што ќе му го исплати грозјето, а потоа со своите механизми лесно ќе си го наплати дологот од визбите.Цената за смедеревката мора да биде 20, а за кратошијата 30 денари за килограм“ рече Минов./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.