Кандидатите за градоначалници се обврзаа на фер избори!

Објавено на 12 март, 2013 во 12:50

Кодекс за фер и демократски избори денеска во Кавадарци потпишаа кандидатите за градоначалници од изборната единица 4.

Си подадоа рака и рекоа дека во интерес на сите е локалните  избори да поминат во фер и демократска атмосфера, а граѓаните да одлучат кој ќе ја добие подршката.

“Слободните и фер избори се клучни за секоја демократија. Ние веруваме дека кодексот на однесување ќе допринесе кон создавање на демократска клима за време на кампања, како и на денот на изборите, прмовирајќи почит кон гласачите, како и кон политичките опоненти“ рече директорот на НДИ во Македонија, Крис Хеншоу.

Кодексот го потпишуваат кандидатите во рамки на кампањата “Каков белег ќе оставиме?-Фер избори 2013“. Опфатени се кандидатите од сите шест изборни единици во Македонија.

“Основното демократско право насекој граѓанин е тој да може, без притисоци, во еден фер и демократски процес да го даде својот глас и да ги избере своите политички претставници. Ги поттикнуваме актерите на изборниот процес да го почитуваат потпишаниот кодекс за фер и демократски избори“ рекоа од Институтот за парламентарна  демократија (ИПД), нагласувајќи дека белегот оставен на овие избори е белег врз животот на секој граѓанин на Република Македонија.

Кампањата за фер избори прв пат стартуваше во 2002 година за парламентарните избори, со акцент на Кодексот на однесување за слободни и фер избори. За овие локални избори кампањата ја спроведува Институот за парламентарна демократија, наследник на Националниот демократски институт за меѓународни односи./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.