Китев: “Ќе го вратиме сјајот на спортот во Кавадарци“!
Кандидатот за градоначалник на “Сојузот за иднината“, Бетиан Китев денеска на прес конференција најави дека ако ја добие можноста да стане градоначалник ќе се залагал за поголема подршка на екипните и поединечните спортови со цел Кавадарци да станело препознатлив спорски бренд во Македонија.
Нагласи дека нема да дозволел и понатаму да умира спортот во општината.
“Оние колективни спортови како фудбалот, машката и женската кошарка, машкиот и женскиот ракомет целосно ќе бидат ставени под закрила на општината. На тој начин преку давање шанса на докажаните спортисти во пооделни области, а со директна финансиска помош од општината, клубовите ќе го вратат стариот сјај. Повеќе кратно ќе се зголеми буџетот на Сојузот на спотови и ќе се помагаат на секој начин сите младински школи од екипните и поединечните спортови, се со цел да го поттикнеме и откриеме секој млад спортски талент,но и да ги оддалечи младите од денешните пороци. Мој и наш приоритет ќе биде враќање на сјајот на спортот во Кавадарци“ рече Китев на прес конференција и го промовираше редниот број 42 кој го добија во распоредот на гласачкото ливче./ А.Д
