Невработените ќе плаќаат за сини картони!
Останува да важи одлуката и невработените кои имаат годишни приходи поголеми од 96 600 денари сами да си го плаќаат здравственото осигурување.
Ова го потврди директорот на фондот за здравство Јован Грповски кој денеска беше во посета на велешката единица на фондот. Според него секој што е невработен, а има годишни приходи над 96 600 денари на трансакциска сметка, тогаш за сини картони месечно ќе плаќа 1 100 денари.
„Ова е само една од категоризациите. Доколку приходите кои ги има невработениот надминуваат 183 576 денари на годишно ниво тогаш тој за да добие сини картони од фондот ќе мора месечно да уплаќа по 2 200 денари. Регистрираните земјоделци пак уплаќаат 450 денари само за здравствено или пак 1 500 за здравствено и пензисиско осигурување“, рече Грповски.
Ваквата одлука здружението за социјална правда „Ленка“ ја оспори како противуставна и Уставниот суд ја поништи поради неколку незаконитости во неа. Сепак Грков вели дека после одлуката на Уставен суд се е усогласено по законите.
„Се она што беше доставено од Уставниот суд е укинато и ние се усогласивме со ова. Заедно со Министерството за финансии ги адаптиравме нашите подзаконски акти и тоа не е спорно. Сите документи кои сега ги бараме се усогласени со законските акти и апелирам секој што се пријавува за здрвствено осигурување, а спаѓа во некоја од категоризациите да ги поднесе сите потребни документи“, рече Грков.
Инаку оние невработени кои сакаат да се лечат на товарт на државата при пријавувањето во фондот потполнуваат изјава за нивните вкупни годишни примања, а не носат никаква потврда за тоа. Од фондот велат дека ако се сокрие точната сума, преку трансакциска сметка може да се провери и да се казни секое лажно пријавување./Б.Н.