Внимателно возете, се поставува осветлување во тунелот кај Катланово!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Патниот правец П-1103 Неготино – Радовиш, односно Неготино – Штип преку Лакавица мост бр. 9, преку реката Вардар, кој беше затворен за тешки товарни возила, поради деформација, оштетување на мостот, e целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, односно патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.
На автопатот E-75 на патниот правец Велес – Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Демир – Капија – Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир – Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
