Дачиќ: Го одбив планот на ЕУ за северот на Косово!
Премиерот Ивица Дачиќ изјавил дека до новата рунда на преговори во Брисел нема да има нови притисоци,туку ќе биде појасно дали е можно да се изнајде решение за северот на Косово.
„На предминатиот состанок постоеше предлог за да се договорат некои општи принципи и тоа да го парафираме.Тие не предвидуваа извршна власт за Србите на север и јас не сакав да потпишам.Може кој и да било се да ми понуди,но никогаш нема да потпишам нешто што не е добро за Србија и што не обезбедува функционирање и опстанок на српската заедница на Косово и Метохија,вели Дачиќ за Блиц.
Српскиот премиер изјавил дека Србија нема да прифати ништо помалку од тоа на Косово да се формира заедница на српските општини кои ќе имаат извршна власт.
“Ако не сакаат да го прифатат тој предлог,ни ние нема да можеме ништо друго. Во тој случај јасно ќе порачаме дека ќе ги исполниме 10- те барања на ЕУ, од декември, а во нив заедницата не е ни спомената.Нашиот предлог за заедница на српските општини е модел со кој би се решиле сите отворени прашања па и од декемвриските услови а првенствено паралелизам на институциите на кои ЕУ инсистира“ рекол Дачиќ.
Тој оценил дека дијалогот не значи дека од Србија се бара да го прифати косовскиот Устав и дека тоа е нешто на што тој не може да се согласи,бидејќи во тој случај на српската заедница не и остануваат никакви надлежности.
“Дојдовме до ситуација кога со европските партнери мораме отворено да разговараме за прашањата на нашата понатамошна европска интеграција,прашања од преговорите.Србија нема да ги промени ставовите како на лето би добила датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ но тоа исто така и не значи дека се откажуваме од европскиот пат на Србија“,рекол премиерот./Б.Н.Т