Соларна електрана во Србија!

Објавено на 9 март, 2013 во 21:30

Соларна електрана ќе се гради во општина Печинци , Република Србија. Веќе општината потпишала меморандум за разбирање со руско-шпански конзорциум,компанија за фотонапонска индустрија.

Во согласност со надлежностите,Општина Печинци ќе обезбедeла  поддршка за издавање на дозвола и согласност,рекол претседателот на општината, Сава Чојчиќ и истакнал дека изградбата на соларната електрана е „правец во иднината“.

Конзорциумот на компании,на чие чело е Асоцијацијата на руската фотонапонска индустрија,планира да инвестира помеѓу 75 и 90 милиони евра во развојни проекти за изградба на соларна електрана од 30 мегавати на околу 240 хектари во општина Печинци.

Заменик директорот на конзорциумот Јевгениј Загородњи изразил задоволство од соработката со раководството на општината  и истакнал дека доколку и соработката со останатите инстанци биде на истото ниво,тоа ќе допринело овој проект да биде реализиран во блиска иднина.

Руско-шпанската делегација во наредните неколку денови ќе се сретне со претставници на ресорното министерство со кои ќе ги прецизираат условите за реализација на инвестицијата во Печинци. / Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.