Бел или црн леб?

Објавено: 9 март, 2013, во 10:57 часот

Сите хранливи состојки во пченицата се наоѓаат во обвивката (триците) и во никулецот. Во белото брашно обвивката и никулецот се отстранети и тоа го содржи само средишниот дел од зрното, односно само скроб. Лебот направен од бело брашно не е корисен за нашето тело бидејќи создава многу осатоци во цревата и ја скиселува крвта. Колку е побело брашното, толку повеќе треба да се избегнува.

Житариците се богати со витамини, особено со витамин Б, особено корисен за правилна функција на нервниот систем, па затоа е важно да се јаде црн леб кој што го содржи целото зрно заедно со обвивката и никулецот. Црниот како и белиот леб треба да се јаде во ограничени количини.

Зошто да НЕ се јаде бел леб?

– парче бел леб содржи само четврт-грам растителни влакна

– во иднина може да предизвика срцев удар бидејќи вишокот хидро карбонат се претвора во масти, а потоа во холестерол кој се лепи за ѕидовите на аретериите

– најхранливите делови обвивката и јадрото се отстрануваат со мелење

– Белиот леб е храна богата со скроб, односно празни јаглехидрати

– парче леб содржи 70 – 80 калории

Зошто да се јаде црн леб?

– парче леб содржи 2 гр. растителни влакна, а некои лебови направени од различни видови зрна содржат и над 15 гр. влакна

– богат е со природни влакна, витамини и минерали

– темниот леб содржи неколку пати повеќе витамини и елементи во трагови, калциум, магнезиум и калиум отколку белиот леб

– темниот леб го спречува дебелеењето и Ви дава чувство на ситост поради влакната што ги содржи

– го намалува холестеролот поради растворливите влакна што се наоќаат во црното брашното

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.