Запрен протесниот марш на младите албанци во Скопје!

Објавено на 8 март, 2013 во 17:04

Групата млади лица во Скопје која по денешната молитва пред Јајапашината џамија се упатија  кон Владата, попладнево се разотиде без поголеми иниценти, објави Радио Слободна Европа.

Претходно тие, а меѓу нив и малолетници, придружувани од неколку повозрасни лица се обидоа да стигнат до зградата на Владата но ги спречи полицијата кај поранешната стоковна куќа „Мост“ за да продолжат кон мостот „Гоце Делчев“. Тие преку Бит Пазар се вратија во Чаир и се разотидоа.

Некои од нив по пат фрлаа камења и извикуваа пароли, но до посеризни инциденти не дојде.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе ги идентификува и учесниците во денешните протести по што ќе следуваат соодветни пријави.

Протестите се организираа преку социјалните мрежи.

МВР соопшти дека се повредени двајца полициски службеници кои се пожалле на телесни повреди здобиени од каменување, а досега не е пријавена материјална штета./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.